Последната колекција на Maria Grazia Chiuri за модната куќа Dior претставува настојување народните мотиви од украинската носија да се претопат во висока мода, со порака и поука.

Колекцијата се опишува со епитети од типот романтика и традиција, и оди заедно со тешките зборови на дизајнерката за одговорноста да се градат мостови со занаетот и низ дијалог, а и од аспект на иднината, да се погледне сегашноста.

Делото на украинската уметница Олесија Трофименко како инспирација за колекцијата на Maria Grazia Chiuri секако дека е за пофалба.

Богатството на народните носии создавано низ векови постојано е благородна ризница за творештво. Сепак овде како колекцијата да е изнасилена, како да е во прегратките на актуелната политика.


Таков впечаток се добива уште од првиот изглед и доминира се до пред крај на претставените седумдесет модели во кои сепак доминира кодот на Dior.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.