Дехидрираноста е најчестата последица од сончањето, дури и тогаш кога на сонцето не се останува долго. Поради тоа, по доаѓањето од плажа, потребен е третман за нега на кожата во вид на крема или лосион за употреба по сончањето. Најчест избор се геловите, кои ја смируваат кожата, помагаат при нејзиното хидрирање, а честа состојка во нив е алое вера.
Производите за нега на кожата по сончањето секогаш се ставаат на чиста кожа – по туширањето, за да нема реакција со морската сол. Исто така, често се избираат производи со поинтензивен, летен мирис кој вклучува цитрусни и лесни цветни мириси, за да се одбегне нанесување на тешки парфеми кои не одат со високите температури.
Изложеноста на кожата на сонце и на морската сол остава последици врз нејзиниот изглед, па затоа станува сува и груба на допир. Затоа е потребно телото да се негува и со хранливи креми. Иако се постојана грижа на кожата, во деновите крај морскиот брег кремовите за нега треба да се побогати и поинтензивни. Имено, дури и кога мислиме дека максимално ја штитиме кожата со креми со заштитен фактор, секое подолго изложување на сонце, односно сончање во пладневните часови, може да предизвика одредени проблеми – од алергии, до исушување и нарушување на квалитетот и цврстината на нејзината стуктура.
Превентивното дејствување е најдобрата грижа за кожата во летните денови./M.M.