На седмото издание на престижната манифестација „Мажи на годината“, одржана во Националната Опера и Балет, во Скопје, главната награда -„Маж на годината 2024“ беше доделена на пожарникарите, на чело со директорот на Центарот за управување со кризи, генерал Стојанче Ангелов. Ова признание беше доделено за нивниот храбар и посветен труд во борбата со големите пожари кои летово ја зафатија Македонија.
Наградата на Менаџер на годината замина кај Ѓорѓе Војновиќ, генерален директор на Триглав; наградата за Маж со Стил oваа година ја доби Амбасадорот и Дипломат Кире Илиоски, кој има добиено признанија за успешна билатерална соработка на нашата со други држави; Менаџер до 40 години оваа година е Бесник Исаки, директор на Бе-Да Логистик, фирма која носи паметни логистички решенија и услуги во транспортот; наградата Млад менаџер на годината замина кај извонредниот млад талент Никола Велковски, основач на Хејрич и Ховицер, кој има направено најголема инвестиција во Македонија од еден милион долари; за Маж со најголем придонес во спортот беше избран Михајло Михајловски, претседател на Ракометниот клуб Вардар; мажи со најголем придонес во културата се познатото музичко дуо – Александар Митевски и Драган Спасов Дац; маж со најголем придонес во општеството е Сабри Азири, човек кој обезбеди над еден милион евра донации за подобрување на здравствениот систем; за Маж странец на годината е прогласен Килиан Вал, амбасадор, шеф на мисијата на ОБСЕ; признанието Хедонист на годината го доби Денис Ампов, Country Manager на Ананас.
Маж на годината според социјални мрежи, со 12.000 гласови е Љупчо Крстевски, познат како Mr.Ljube, додека наградата Маж со трајни вредности годинава ја доби Петар Георгиевски, основач на легендарниот македонски бенд Меморија.
Маж на годината, според организаторите, е генерал Стојанче Ангелов, Директор на ЦУК.
Изборот „Мажи на годината“ прерасна во традиција според која секоја година се наградуваат мажи кои дале значителен придонес во општеството и се инспирација за идните генерации.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.