Медијумската турнеја на модниот филм House of Gucci заврши, а актерите, на чело со Lady Gaga, по промоцијата во Канада ги следат првите оценките на критичарите, како и импресии и оценките на гледачите преку социјалните мрежи.
За сеопфатно информирање за филмот е направена и соодветна веб страница: https://www.houseofguccimovie.ca
Пеачката и актерка Lady Gaga по промоцијата на филмот House of Gucci во која ја толкува главната улога, ги следи и средува првите импресии и оценки.
Светската премиера на House of Gucci се одржа во Odeon Luxe Leicester Square во Лондон, на 9 ноември 2021 година. Lady Gaga, Adam Driver, Salma Hayek и Jared Leto, се појавија на црвениот тепих, со изглед достоен за претставување на моден филм. Во филмот режиран од Ridley Scott, се појавуваат и Al Pacino, Jeremy Irons, Reeve Carney и Jack Huston.
Од 24 ноември почна прикажувањето во кино двораните во Канада и САД. Филмот добива различни критики од критичарите, кои ги пофалија изведбите на актерската екипа, но го критикуваа сценариото и неконзистентниот тон. Останува и впечатокот за големиот интерес на социјалните мрежи за приказната за една од најголемите модни куќи во светот. Филмот е секако и моден настан и на свој начин енциклопедија за Куќата на Гучи во која сценариото не било на соодветно ниво.
Филмот е заснован на книгата на Sara Gay Forden „ The House of Gucci и претставува приказна за убиство, лудило, гламур и алчност во едно од најбогатите модни семејства во Италија./М.М.