Нашата коса старее како што старееме и ние. Во зрелоста се јавуваат предизвици како белата коса или „обелувањето” што е еден од првите знаци на стареење на косата. Истенчено влакно е, исто така, чест проблем кај зрелата коса. Често се намалува густината на косата и косата почнува да расте потенка понекогаш дури и невидлива. Ова може да биде проследено со опаѓање. Како што старееме нашата коса го губи природниот сјај поради што изгледа како безбојна и безживотна. Процесот на стареење на косата не може да биде спречен, но може да биде забавен.
Швајцарскиот бренд Revalid® откри иновативна формула на производи – систем од „Anti-Aging” шампон и „Anti-Aging” флуид кои содржат активна состојка DN-Age™, екстракт од листовите на Cassia Alata и екстракт од швајцарски еделвајс.
– Нашите Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид ќе помогнат да се забави процесот на побелување на косата и ќе и дадат повеќе јачина, густина и волумен. Горди сме што производите сега се достапни и во Македонија. Пристапот на Revalid® се холистички решенија за нега на косата и справување со предизвиците со кои сите се соочуваме со нашата коса. Редовна нега на коса може да ја стимулира циркулацијата и да ги зајакне корените на влакната, продолжувајќи ја фазата на активно растење и зголемувајќи ја густината. Токму со новиот систем на производи против стареење косата ќе го зголеми волуменот и густината, ќе изгледа здраво и силно – „Новата ѕвезда е родена” – изјавуваат од брендот.
Цветот од Еделвајс е познат како алпска „преживувачка ѕвезда”, која достигнува висина над 3000 метри, каде има и високи нивоа на УВ зрачење. Изложеноста на екстремни температури го приспособило ова растение да е експерт во самозаштита, односно поседува силна антиоксидативна моќ како чистач на слободни радикали и изразена заштитувачка моќ врз молекулата на ДНК.
DN-Age™ е состојка која го заштитува скалпот од оштетување на клетките, го забавува процесот на побелување на косата и го прави влакното поцврсто, подебело и појако. Многу студии докажуваат дека корисниците на производи со оваа состојка забележале значајна промена во здравјето на нивната коса.
Погледнавме одблиску, и формулата за нега на коса која старее е правилна нега со користење на новиот Anti-Aging систем на Revalid®.
Revalid® е бренд основан во 1992 во Швајцарија, специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега и против опаѓање на коса. Развиен од експертите, за да ја направат вашата коса поздрава и поцврста, Revalid® високо квалитетните производи се специјално формулирани да ги задоволат потребите на сите. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија и може да се најдат во аптеките во земјава.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.