По потекло се од Бразил, Италија и Португалија, машките модели за кои се зборува во себе го носат она нешто што ќе ги издвои од другите. Во подем се и со успешни кариери, ќе доминираат пос рефлекторите на големите модни писти ширум светот.
Pablo Morais
Мораис е веќе познато име во светот на модата. Освен што е модел, со успешна кариера во Бразил и САД прави и музика. Досега има работено за брендови како: Moncler, Dolce & Gabbana, Calvin Klein и Forum, а беше и насловна на L’OFFICIEL Hommes Poland.
Omar Didiba Gueye
Италијанскиот модел со само 21 година е веќе меѓу омилените имиња на Dolce & Gabbana, особено откако се појави на фотографии од нивните колекции и модни ревии. Оттогаш тој има импресивна модна биографија со работни брендови како Jacquemus, Versace , Topman и Canali.
Iago Botelho
Botelho е поранешен бодибилдер кој со цел да стане модел и да влезе во светот на модата изгубил 50 килограми. Неговата трансформација е инспиративна, како и неговиот успех на модните писти ширум светот! Реализирал кампањи низ целиот свет од брендови како Diesel, Adam Selman, M. Officer, C&A и Sergio K, а работел и со Gigi Hadid. Има две насловни страници за L’OFFICIEL Italia.
Ivo Baldé
Балде може да биде заштитно лице на новиот момент! Овој 22-годишен португалец има изградено успешна кариера на манекен кој го освоил вниманието во Moda Lisboa, учествувајќи на модни ревии за националните брендови како Ninamounah, Nuno Gama и Valentim Quaresma.
Vinicius Gabriel
Габриел е на почетокот на својата интернационална кариера. Роден во Салвадор, но живее во Сао Паоло, Бразил, каде што успешно ја гради кариерата. Има настапено на ревиите на двете São Paulo Fashion Weeks со модели на À La Garçonne, Cavaleira, Korshi 01, Ronaldo Fraga, Empório Armani и Levi’s. / М.М.