На крајот на ревијата на Sukeina, Coco Rocha – облечена во црно виолетов фустан, налик на оној од El Jaleo сликата на John Singer Sargent, подсети дека таков фустан треба да се најде и на престојниот Met Gala настан.
На тој настан потсетуваа и високите бели крагни „à la Karl Lagerfeld„, како еден од доминантните аспектите од есенската колекција на Omar Salam, посветени на претстојната изложба која ќе биде посветена на делото на Lagerfeld.
Еден од потписите на брендот на Salam е и техниката слична на оригами, видена на прв поглед како своевидна скулптура. Таа доминира во сето преставено за претстојните есен и зима.
Основачот на Sukeina е преокупиран и со големи патенти, како елаборација на идејата на пристап, што може но и немора да биде одбран. Жената Sukeina очигледно е онаа која ја совладала уметноста на почетоците. Таа е елегантна, смела и прецизна, како и кроењето на Salam.
Во фустаните можеби ќе се чуствуваше нешто како училишна атмосфера, доколку не се носеа проѕирни, или, светликави блузи, што се вклопуваа како втора кожа.
Покрај патентите, главниот декоративен елемент беа разнобојните цик-цак обрасци који прераснаа во пердуви. Имаше многу повторувања на оваа идеја, со која Salam е фокусиран за претстојните сезони.
Sukeina е основана во 2012 година од страна на сенегалскиот дизајнер Omar Salam, и е позната по своите високо-драмски парчиња што се одликуваат со сложени набори налик на оригами, елаборирани детали и силуети со изрази.
Sukeina е модна куќа позната како „најдобро чуваната тајна“ во модниот свет./М.М.
Ревијата може да се проследи на следниов линк.