Неодамнешниот тренд на TikTok за парфемите со феромони предизвика лавина коментари и настојувања да се открие вистината за производите со феромони чии производители тврдат дека ја зголемуваат нашата привлечност и инспирираат желба кај другите.
Пронајдени во животните и инсектите, феромоните се хормони кои работат на надворешната страна на телото. Инаку познати како ектохормони, овие хемикалии пронајдени во телесни секрети, како што е потта, имаат способност да влијаат врз однесувањето на луѓето од блиската околина. Меѓу животните, феромоните имаат различни функции. Во некои случаи, овие природно произведени хемикалии може да се користат за стимулирање на сексуална возбуда,а во други случаи, се користат како форма на комуникација помеѓу мајката и потомството.
Иако различни студии ја покажаа улогата на феромоните кај животните и инсектите, има многу малку научни докази дека човечките феромони се поврзани со привлечноста и возбудата.
Постои широк спектар на миризливи спрејови и масла на интернет кои тврдат дека содржат миризливи феромони, но вистината е дека овие состојки најверојатно се само хемикалии произведени во фабрика. Од Gucci, од каде што тврдат дека имаат развиено мириси формулирани со состојки со животински феромони, до Pure Instinct, кој тврди дека балансира со pH вредноста на вашата кожа за да се ослободи персонализиран парфем, единствената цел на овие примамливи производи е да ви помогнат да мирисате убаво.
Иако феромонските масла и спрејовите за тело можеби нема да направат некој да се зауби во вас, никогаш не пречи да инвестирате во себе со парфем што ќе ви ги разбуди чуствата и разубави денот./M.M.