
Chanel ја одбележа 110‑годишнината со грандиозен салон во Grand Palais, а Schiaparelli во претставувањето на својата нова колекција внесе драма и иновација
Гламурот, модата и уметноста повторно се собраа во Париз, овој пат по повод Неделата на високата мода (Haute Couture Week) које се одржува до 10 јули, привлекувајќи ги најголемите дизајнерски имиња и модните ентузијасти од целиот свет.
Манифестацијата започна со ревија на Schiaparelli, во која креативниот директор Даниел Розбери прикажа футуристички визии инспирирани од воени силуети и антички скулптури. Публиката беше импресионирана од комбинациите на бронзени детали, кубистички форми и футуризам со женска елеганција.
Најголемо внимание предизвика ревијата на Chanel, со која модната куќа го прослави својот 110 роденден. Во историскиот Grand Palais, моделите дефилираа низ неокласичен салон, носејќи мохерски костуми, богато везени тоалети и мотиви со златно жито – симбол на изобилие и креативна плодност. Настапот претставуваше и симболично затворање на ерата пред доаѓањето во септември на новиот креативен директор Матје Блази. https://www.chanel.com/us/haute-couture/fall-winter-2025-26/
Отсуството на Dior отвори простор за други модни куќи, како Maison Margiela, каде Glenn Martens дебитираше со ревија инспирирана од урбана анархија и класичен авангардизам.
Модната недела не беше резервирана само за пистата – улиците на Париз беа втората сцена: ѕвезди како Naomi Campbell, Cardi B или Keira Knightley присуствуваа на ревиите во екстравагантни изданија наменети за модните хроники.
Почетокот на настанот повторно потврди дека високата мода не е само текстил – туку израз на визија, култура, моќ и идентитет. Париската сцена ја покажува трансформацијата од наследство кон иднината, каде старите кодови се редефинираат со нова енергија./М.М.