Paparazzi – најновата коелкција за есен/зима 2025-26 на Dolce & Gabbana дебитираше на минатонеделната миланската модна недела (Milano Men’s Fashion Week).
На писта претворена во црвен ќилим, неминовните блесоци од апаратите на папараците, во атмосферата исполнета со звуците на Cavalleria Rusticana, на Pietro Mascagni, во претставувањето на свечената линија, се претставија 66-те модели од последната замисла за машката мода на Dolce & Gabbana.
Модното шоу го отворија модели облечени во стилот на славните, со тексас панталони и макси крзно, како и со преголеми меки, долги палта, надополнети со обемни плетени џемпери. Во комбинација со широките панталони, почетните изгледи на колекцијата ја постигна рамнотежата помеѓу практичноста и непобитната привлечност.
Наративот на Dolce & Gabbana се менуваше со текот на ревијата, отстапувајќи место за стилски маици и за нив прилагодени панталони, како и за раскошни сомотски костуми, надополнети со оригинални украси, за заокружување на впечатокот на лежерна софистицираност.
Колекцијата раскажуваше приказна за претставувањето на славна личност, од дневната облека за низ град од појавувањето на црвениот ќилим. Кулминација беше представувањето на нов, преобмислен смокинг, со украсни игли и брошеви со скапоцени камења.
Domenico Dolce и Stefano Gabbana создадоа колекција исполнета со младешка енергија и живост, задржувајќи ја елеганцијата на брендот. Од лежерни до свечени, дизајните олицетворуваа беспрекорен спој на безвременски гламур и модерност, оставајќи траен печат на Модната недела во Милано посветена на машката мода.
More in:Мода
Hermes зимава предлага свилен шал за мажите
Со новата машка колекција свилени шалови и марами, Hermes настојува да остане лидер во светот ...
Сара Стаои настапи на ревија на Dolce&Gabbana
Интернационалниот модел Сара Стои, која веќе четири години ја гради својата кариера, настапи на модната ...
Dunhill – рафинирана визија за британската елеганција
Новата есенско/зимска колекција едновремено означува и ново поглавје за Dunhill со кое, низ комбинација на ...
Elie Saab: 45 години магични модни приказни
Elie Saab, либански дизајнер кој успешно го премостува јазот помеѓу традицијата и модерноста и создава ...