Bobe's bakery

Секогаш ги правам овие колачиња и сите во домот многу ги сакаат …

Bobe’s bakery

Потребни состојки:

– 250 гр. мелени ореви,

– 500 гр. кафен шеќер,

– седум белки,

– лажичка брашно.

Фил:

– 150 гр. чоколадо за готвење,

– седум жолчки,

– 150 гр. путер,

– 50 гр. шеќер во прав.

Bobe’s bakery

Подготовка:

Мелените ореви и шеќерот треба убаво да се измешаат пред постапно да им се додадат шест белки. Се пржат на оган додека не добијат боја на мед. Се оставаат да се изладат, па им се додава последната белка и лажица брашно. Се мешаат додека не станат хомогена  смеса од која потоа се става една кафена лажичка во плех на хартија за печење. Во  плехот се редат најмногу 20 парчиња, бидејќи многу нараснуваат. Во загреана рерна на 220Ц. се печат 15 минути.

Фил: Во чоколадото за готвење истопено на пареа му се додаваат седум жолчки и се мешаат се додека смесата не стане густа,  се оставаат да се изладат.  Во посебен сад се матат путерот со шеќерот во прав, па се додаваат на оладениот крем.

Оладените  испечени парчиња се филуваат и се лепат меѓусебе. Наздравје!

 

You may also like

Comments are closed.