War Paint for Men во штотуку отворената лондонска продавница со шминка за мажи и парфеми. https://warpaintformen.com/pages/shade-finder
War Paint е првата продавница специјализирана за makeup за мажи. Целта, според основачот Deni Grej, е на мажите да им се понуди место каде што можат да најдат се за нега и подобрување на изгледот. Статистиката ја оправдува целта – во Велика Британија секој 20-ти Британец се шминка, секој петти еднаш неделно а секој стоти секојдневно.
Мажите се повеќе се грижат за својот изглед. Во машките чанти се почесто можат да се видат креми и разни миризливи шишиња – напиша новинарот на Дејли Меил по посетата на продавница.
Асортиманот во War Paint for Men опфаќа: подлоги, пудри, бронзери, коректори, гелови за брада и веѓи, потоа тонизирани хидрантни креми, како и производи за бричење и обликување на брадата.
Овој бренд е основан од страна на Deni Grej, откако во ТВ емисија организирана од Би-Би-Си освоил 80.000 евра за инвестирање во проектот. Широкиот избор треба на мажите да им понуди повеќе избор за лична нега и основна шминка./М.М.