Филмот „Анора“, комедија-драма за сексуална работничка мажена за син на руски олигарх, освои пет оскари на 97-то доделување на Оскарите: за најдобар филм, најдобра актерка, најдобра режија, најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио.
Мјузиклот „Емилија Перез“, кој имаше најмногу номинации (13), освои награди за најдобра оригинална песна и најдобра споредна женска улога. Мајки Медисон ја доби наградата за најдобра актерка за улогата во „Анора“. Наградите за најдобра споредна машка и женска улога ги добија Киеран Калкин („Вистинска болка“) и Зои Салдана („Емилија Перез“).
Три Оскари доби драмата „Бруталист“ – приказна за еврејскиот архитект кој по Холокаустот сака да изгради нов живот во САД. Главниот актер Адриен Броди го доби својот втор Оскар за улогата во филмот.
За најдобар документарен филм беше прогласен „Нема друга земја“, кој доаѓа од колектив на палестински и израелски филмаџии (режисерите Басел Адра и Јувал Абрахам) и тоа со приказна која го следи протерувањето на палестинците од Западниот Брег од израелската војска.
На црвениот ќилим на 97-то доделување на Оскарите вниманието на посетителите и а гледачите беше привлечено и од бројни оригинални изгледи. Имено, овој престижен настан и овој пат беше ноќ кога ѕвездите се натпреваруваа не само за златни статуи, туку и за титулата најдобро облечени.
За најдобрите модни моменти од овој престижен настан „виновници„ имаше многу, но погледите сепак најчесто да беа привлекувани од тоалетите и костумите на некои од нив.
Така Хали Бери блескаше во фустан со кристали од колекцијата „Кристијан Сириано“, Деми Мур своето заводливо претставување го реализира со кристален фустан на Џорџо Армани Приве, додека Аријана Гранде посакуваните романтични тонови ги долови со светло розев фустан на Schiaparelli од колекцијата за оваа пролет.
Зои Салдана за вечерта во која стана и добитничка на Оскар одбра бордо фустан на „Сен Лоран“, со горен дел покриен со штрасови, додека Тимош Шаламе се појави во жолт костум, отскокнувајќи од толпата црни костуми и бели кошули. Неговиот накит од Картие беше впечатлив, а целата комбинација зрачеше со модерен шарм./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.