Под слоганот „Инспирација за секој дом“, од 26 до 30 март, во комплексот Борис Трајковски, ќе се одржува Саемот на мебел 2025, нудејќи уникатно доживување за сите посетители – од љубители на дизајнот до професионалци во индустријата.
Годинашното издание, според соопштението, ќе биде поделено во четири специјални зони, со цел посетителите полесно да најдат сè што им е потребно за уредување на нивниот дом или работен простор:
Зона 1 – Двор и градина: Решенија за уредување на надворешни простори, градинарски мебел, декоративни елементи и сè што е потребно за создавање на идеално катче на отворено.
Зона 2 – Аксесоари за дом и осветлување: Најновите трендови во декорацијата, иновативни решенија за осветлување, паметни технологии за домот и ексклузивни декоративни елементи.
Зона 3 – Мебел и внатрешен дизајн: Врвен мебел за сите простории, од дневни и спални соби до кујни и канцелариски простори. Оваа зона ќе понуди голем избор на дизајнерски решенија од домашни и меѓународни брендови.
Зона 4 – Crafts, рачни изработки и пратечка индустрија: Уникатни рачни изработки од талентирани креативци, како и понуда на врати, прозорци и материјали за уредување и реновирање.
Оваа година Саемот ќе стави акцент на иновативни и еколошки материјали, одржлив дизајн и паметни решенија кои го подобруваат квалитетот на животот. Посетителите ќе можат да дознаат како најновите технологии го трансформираат начинот на кој ги уредуваме и користиме нашите домови.
Партнер и на годинашниот Саем на мебел е Комерцијална банка, која со атрактивни финансиски производи ќе им овозможи на посетителите полесно да ги реализираат своите идеи за уредување на домот.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.