Првата дигитална модна недела (Digital Fashion Week/Serbia), организирана од Модната недела на Србија (Serbia Fashion Week) и ЦМЦ, (Color Media Communication) ќе биде одржана од 20 до 27 ноември 2020 година
Најавен како настан што ги поместува границите во презентирањето на нови колекции, дизајнери и модни трендови, во онлајн формат, на сите заинтересирани ќе им овозможи да ги видат новите колекции на најеминентните дизајнери од земјата и регионот.
Предвидени се и дополнителни содржини, како разговори со модни познавачи за тоа што ќе се носи во следниот период, со инфлуенсерите за тоа што за нив е во тренд, како и за модните трендови за кои се зборува на социјалните мрежи. Ќе стане збор и за одржливоста на модата, за тоа каква е поврзаноста помеѓу готвењето и модата, како и кои социјални и општествени теми се неизбежни кога станува збор за модата.
Имено, поради епидемијата светот значително е сменет последниве месеци така што многу настани мораа да се прилагодат на новото секојдневие. Светот на модата почна да се движи кон онлајн платформите и новите технологии. Така се случи модните недели во најголемите светски модни метрополи, како Њујорк, Париз, Лондон и Милано да поминат согласно тековните состојби и можности. Некои ревии беа на Интернет, некои со ограничен број посетители, а некои модни куќи организираа вистински дигитални спектакли, како „Версаче“ и „Москина“.
Со потпишувањето на договорот за соработка, модната манифестација Serbia Fashion Week стана ексклузивен застапник на Internacional Digitaln Fashion Week“ за 14 земји на Југоисточна Европа.
Меѓународната дигитална модна недела ( International Digital Fashion Week -IDFW) е глобална дигитална платформа, неодамна основана во САД. Тоа е првата и единствена дигитална модна недела во светот, создадена како потреба на модната индустрија да преживее и да ја надмине кризата предизвикана од пандемијата на вирусот Ковид-19. IDFW се емитува на глобално ниво, a преку FNL Network платформата и е достапна ширум светот.
Digital_Fashion_Week/Serbia
The official account of #DFWS
🗓 20th – 27th November, 2020.
https://digitalfashionweek.rs/