На саемот посетителите ќе можат да дегустираат природен мед, маџун, домашни дестилати и традиционални зимници
Од утре, 30 ноември, до 2 ноември, во трговскиот центар Diamond Mall, во Скопје ќе се одржува саемот „Есенски медени денови и домашна храна“, посветен на природните домашни рачно изработени производи. Настанот ќе биде отворен секој ден од 10:00 до 22:00 часот, нудејќи богата палета вкусови од различни краеви на Македонија.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат домашни дестилати со уникатен вкус, неготински маџун, разновидни природни медови и пчелни производи, како и вкусни зимници, џемови и други локални деликатеси.
Со цел да се поддржи локалното производство и да се поттикне зачувувањето на традиционалните гастрономски вредности, организаторите под мотото „Поддржете локално, вкусете традиционално“ ги повикуваат граѓаните да го посетат настанот и да уживаат во богатството на автентичната македонска храна.




















