
Модно деби на Епл Мартин, ќерката на Гвинет Палтроу
Епл Мартин, 21-годишната ќерка на актерката Гвинет Палтроу и фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, е новото лице на британскиот бренд Self‑Portrait. Фотографиите, реализирани во минималистички амбиент, носат интимен, речиси секојдневен дух – Епл е прикажана во серија едноставни, но елегантни изгледи кои ја нагласуваат нејзината младешка свежина. Наместо гламурозни сценографии и комплексни сетови, кампањата се потпира на природна светлина и искрени моменти, налик на селфи фотографиите што доминираат на социјалните мрежи.
Изборот на Епл Мартин не е случаен: уште од своето детство таа е дел од светот на познатите, но досега се држеше во сенка на славата на своите родители. Со ова деби, Self‑Portrait се поврзува со новата генерација која бара автентичност и непосредност во модната комуникација.„Апл има природна енергија и свежина која совршено се вклопува во духот на Self‑Portrait“, соопштија од брендот.
Self‑Portrait негува долгогодишна традиција кога се во прашање вакви и слични соработки, а меѓу претходните се: Емили Ратајковски, Џиџи Хадид, Наоми Кемпбел, Ирина Шајк, Бела Хадид, Кејт Мос, Џису и Фиби Дајневор. Брендот исто така ги облекуваше познатите личности како Бејонсе, Оливија Родриго, Парис Хилтон, Селена Гомез, Синтија Ериво и многу други.
Веста за деби кампањата на Апл Мартин веднаш предизвика интерес во модните кругови. Vogue ја оцени кампањата како „едноставна, но современа интерпретација на младешкиот стил“, додека People ја нарече „симбол на новата генерација ѕвезди кои одбиваат да бидат дефинирани од славата на своите родители“. Elle, пак, истакна дека Епл со овој потег се вбројува меѓу младите амбасадори на автентичноста во модата.
Со овој чекор, Епл Мартин не само што го отвора својот пат во модната индустрија, туку и испраќа порака дека новата генерација сака да биде претставена без филтер – блиску до реалниот живот и секојдневниот стил./М.М.