Late Night Shopping е веќе десет години омилен дел од јуни во Скопје Сити Мол, како најдобар ден за пазарување до полноќ, со бројни попусти, промоции и соодветна забава.
На 24 јуни вратите на Скопје Сити Мол се отвораат во 10 часот наутро за да ги примат сите оние кои го чекаат попуст и пригодна забава што ќе трае до полноќ.
Во вечерните часови посетителите ги очекува огнено шоу на главниот влез, потоа посета на модниот корнер и фотографирање за учество во натпреварот за најдобро облечен посетител. Може да се посети и шанкот со коктели и супер музика, потоа сликање на фотобут со пријателите и посета на Late Matinee, со македонски евергрини со Агни Авшар на летната тераса.
Видот на попустите и промоциите ги дефинира секој бренд одделно, се однесуваат на 24ти јуни, денот на Late Night Shopping во Скопје Сити Мол. Сепак, голем дел од брендовите нудат можност на оние кои не можат да дојдат тој ден попусти и преку целиот викенд. Деталните информации се на профилите на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол./М.М.