Есенскиот, 54. по ред Perwoll Fashion Week ќе се одржува од 17. до 25. октомври во Белград, под мотото PokušAI На најавените модни ревии, изложби и на пратечката програма се очекуваат дневно над 2000 посетители.
Меѓу најважните цели на манифестацијата е промоција на врвни таленти и на автентични достигнувања на српската модна сцена, а со оглед на исклучително богатата авторска програма, се верува дека BFW повторно ќе донесе еден вид пресек на креативноста на модната сцена.
Настанот свечено ќе биде отворен со специјална ревија посветена на Слаѓана Милошевиќ – „принцеза„ на спрската рок сцената. Повеќе од 40 креатори, костимографи и стилисти од просторот ex YU ќе презентираат креации инспирирани од оваа автентична модна икона, која пленеше со својот изглед, храбросст и стил.. Многу познати личности ќе прошетаат низ пистата во ритамот на најголемите хитови на Слаѓана, која со години го поврзуваше магичниот свет на уметноста, модата и музиката.
По успехот од минатата сезона на BFW кампањата MaštAI!, која отвори дијалог за примена на вештачката интелигенција во креативните индустрии, ова издание на Белградската модна недела носи нова, охрабрувачка и стимулативна порака Dare to trAI! или PokušAI!, поканувајќи ги дизајнерите, уметниците и креативците да експериментираат во соработка со вештачката интелигенција. За време на ова издание на BFW ќе биде организирана специјална работилница Dare to trAI, која на дизајнерите ќе им обезбеди конкретна едукација за можностите за користење на вештачката интелигенција.
Новите факти за кружната економија – преку одржлива мода, ќе бидат претставени преку програмата CIRCULATOR со четири настани, организирани во формати на изложба, модни ревија, креативна работилница и размена на облека. Во овие проекти се вклучени вкупно 37 млади дизајнери, кои ќе претстават 86 модни креации користејќи исклучиво фрлена облека и друг искористен текстил.
Посебен момент на ова есенско издание на Perwoll Fashion Week е автентичната ревија на проектот No Nation Fashion (NNF), уникатен бренд основан со поддршка на ЕУ од страна на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), водечката агенција за миграција на ОН. Оваа иницијатива претставува креативен, одржлив и инклузивен одговор на предизвиците на миграцијата, а колекцијата што ќе биде прикажана не е само облека – таа е и приказна за силата, упорноста и бескрајната храброст на мигрантите кои учествуваа во нејзиното создавање.
Освен ревии, BFW ќе претстави и богата уметничка програма, во чии рамки публиката ќе може да ужива во исклучителни поставки на тематски изложби на атрактивни градски локации. Со изложбата посветена на модното патување на Слаѓана Милошевиќ ќе биде затворена 54.Perwoll Fashion Week.?/M.M.