На кожата на лицето при промена на годишните времиња, а и во позрелите години и е потребна дополнителна нега. Регенерацијата може да се обезбеди со воведување на ноќни маски кои остануваат на лицето цела ноќ.
Ноќната маска претставува интензивно и долготрајно дејствување врз кожата и тоа во време кога интензивно и длабокото потхранување и хидрирањето се најпотребни. Имено, кожата има тенденција да се регенерира подобро додека спиеме, па затоа, нанесувањето вакви производи пред спиење го промовира овој процес на регенерација.
Ноќните маски се острануваат наутро, кога кожата на лицето се плакне и се чисти според вообичаената рутина. Производите имаат повеќе време во текот на ноќта да се апсорбираат во подлабоките слоеви на кожата, што го засилува нивното дејство. Затоа нанесувањето на ноќната маска за лице, може да има засилен ефект врз негата и регенерацијата на кожата.
Ноќните маски за лице обично имаат богати формули со цел длабока ревитализација и нега на кожата, можат да ги користат луѓе од секаков тип на кожа, а особено оние со сува или проблематична кожа.
Се препорачува да нанесете ноќна маска 20 минути пред спиење за да не оставите дел од производот на перницата. Ноќната маска се нанесува како и крема за лице.
Пред ноќната маска можете да ставите и тоник на лицето за да ја балансира pH вредноста на кожата по чистењето на лицето и да и ја врати влажноста по чистењето. Пред оваа маска можете да нанесете и серум за лице, а наместо крем за лице да нанесете ноќна маска.
При изборот на ноќна маска за лице, обрнете внимание на состојките содржани во маската. Избегнувајте маски кои содржат алкохол и додадени парфеми, од причина што овие состојки можат да предизвикаат иритација на кожата. Ако сакате ноќна маска за лице со висока хидратација, побарајте маска што содржи пептиди, керамиди и/или хијалуронска киселина.
Се препорачува ноќната маска да се користи два пати неделно. Не е препорачливо да оставите маска за лице преку ноќ доколку тоа не и е намената, односно доколку се работи за маска што се симнува по дваесетина минути или половина час.
Пред употреба на кој било нов производ за кожа, се препорачува тестирање на мала површина на кожата за да се утврди дали имате алергиска реакција на производот./М.М.