По Владо Георгиев, кој минатиот петок ги „покори„ скопјани со неговиот извонредно енергичен настап во ноќниот клуб PURE, овој петок доаѓа хрватската мега ѕвезда Тони Цетински.
Владо Георгиев приреди вистинско музичко задоволство: откако се појави на сцената, владееше со атмосферата и направи неверојатна врска со публиката која постојано како да беше во екстаза, пееше со него и му ја возвраќаше енергијата. Владо Георгиев демонстрираше неверојатен талент, прекрасна сценска присутност и способност да ги повлече сите наоколу во неговиот свет на музиката и на емоциите.
Оваа недела во ноќниот клуб PURE гостува харизматичниот хрватски ас на поп-рок музиката – Тони Цетински, кој по седум години пауза повторно ќе се појави пред македонската публика ветувајќи одлична атмосфера.
PURE NIGHT CLUB е прекрасна локација за ваков вид концерти, дополнувајќи го музичкото искуство со модерна и елегантна атмосфера. Клубот има минимална возрасна граница од 25 години, со што ги врати постарите скопјани повторно да уживаат во ноќниот живот. Клубот во четвртоците е домаќин на Street Soul Delight хип-хоп вечер со Boogieman, Mawrteen и Тони Зен, во петоците гостуваат регионални ѕвезди, а во саботите е класична диско забава со реномираните Branches и Dj Bobi.
Досега на сцената ги видовме Владо Јаневски, Дарио, Џибони, Бајага, Црвена Јабука, , Тамара Тодевска, Наташа Беквалац, Нокаут, Ѓоко Таневски, Бени, Ареа, Владо Георгиев и други локални бендови.
PURE Night Club