Постојаниот пад на продажбата на Gucci, особено на кинескиот пазар, како и товарот на скандалите на Balenciaga сериозно ја разнишуваат Kering групацијата условувајќи нов остар пад на продажбата и во третиот квартал годинава.
Приходите на Kering Group во третиот квартал изнесуваа 3,8 милијарди евра, што претставува пријавен пад од 15 отсто и 16 отсто на споредлива основа. Во првите девет месеци од годинава остварените вкупни приходи од 12,8 милијарди евра, што е пад од 12 отсто на споредлива основа.
Спроведуваме сеопфатна трансформација, особено на Gucci, поради неповолните пазарни услови. Ова сериозно влијае на нашите перформанси на краток рок, изјави François-Henri Pinault, претседател и главен извршен директор на Kering, коментирајќи ги неповолните деловни резултати.


Имено, Gucci има пад на приходите од цели 26 проценти во третиот квартал, додека продажбата во малопродажните ланци е со пад од 25 проценти. Пад на продажбата има и кај Yves Saint Laurent, додека Bottega Veneta е единствениот бренд каде што е остварен раст од четири проценти .François-Henri Pinault,
Останатите куќи во третиот квартал имаат вкупен пад од 15 проценти на пријавена основа и 14 проценти на споредлива основа. Трговијата на големо е со голем пад од 28 проценти на споредлива основа.
Наместо конкретни бројки, работењето на контроверзната Balenciaga и натаму останува непознато Не е познато и дали и како се продаваат неодамна промовираните патики што, според изгледот и коментарите на социјалните мрежи, се само за Ноќта на вештерките./M.M.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.