Ферулната киселина е состојка  која има најголемо влијание во заштита на кожата од еколошките влијание како загадувањето и инфрацрвеното зрачење кои на крајот предизвикуваат предвремено стареење.

Дерматолозите истакнуваат дека  ферулинската киселина е антиоксиданс што се наоѓа во ориз, пченка и пченица, а поради придобивките за ревитализација на кожата станува составен дел на производите против стареење, заедно со состојки како што се ниацинамид, ресвератрол и витамини Ц и Е.

Најновите истражувања покажуваат дека ферулната киселина ја подобрува хемиската стабилност на дериватите на витаминот Ц, со што се зголемуваaт неговите својства за заштита од УВ зрачењата. За оптимални резултати од употребата на феруларната киселина, се препорачува крема или серум надополнети со ниацинамид, ресвератрол или и витамини Ц и Е.

Еве неколку од нив:

C E Ferulic

Извонредно моќниот состав од витамините Ц и Е со ферулнската киселина ќе ги измазнат фините линии и ќе го осветлуваат тенот, едновремено штитејќи ја кожата од стресните фактори на животната средина. Редовната употреба резултира со видливи резултати.

Ресвератрол 3% + Ферулна киселина 3%

Составот обезбедува  хидратација на кожата со високата концентрација на ферулна киселина и ресвератрол. Кожата делува нахранета, освежена и младолико.

C15 Super Booster

Заедно со состојките за осветлување на тенот, серумот C15 Super Booster е полн со ултра-хидрантни компоненти како што се витаминот Е, рицинусово масло и хијалуронска киселина, за вистинска еластичност на кожата. /M.M.

 

You may also like

Comments are closed.