Giesswein компанијата, која создава обувки од еколошки издржани материјали, ја промовира својата есенска колекција папучи. Новите модели на Eco Slides папучите се направени од комбинација на уникатни материјали, од EVA и алги. Новите дизајни, според соопштението на брендот, го намалуваат стресот.

Имено, новите папучи се супер лесни и го намалуваат стресот на стапалата, грбот и на зглобовите.
Со совршено вклопување, Eco Slides обезбедуваат оптимална поддршка во бањата, при прошетка, на плажа или по дома.
Eco Slides се од одржлива подлога направена од биомаса од обновливи алги и отворен горен дел од рециклиран ПЕТ, со што придонесуваат кон заштита на климата и на животната средина./М.М.

 

 

You may also like

Comments are closed.