Кога во 2017 година беше објавено заедничкото вложување помеѓу LVMH и Марколин, се зборуваше дека тоа е една од најголемите вести на деценијата. Истата година создадена е компанијата Thélios, во целина независна од Марколин и LVMH. Проектите за вклучување во машинеријата на модниот гигант се водеа тивко, за сега да бидат гласно објавени и првите резултати. Се работи за новите стилски очила за сонце на брендот Dior. Thélios со брендот Dior создаде нова линија за сезоната пролет/лето 2021 година. Процесот на изработката е детално објаснет и видео документиран.
Во Париз, секој пар го започнува својот живот со скица која оживува во работилниците на Thélios, во регионот Лонгароне во Италија. Создаденото е со иновативни техники, секој пар очила доаѓа во различни форми и димензии, во стилот на линијата за сезоната пролет/лето 2021 година./М.М.