Новиот Givenchy Gentleman Reserve Privee е според составот и единствен: формулиран е со апсолут виски, направен од јачмен од шкотска дестилерија, трансформиран во Грас, за да се интегрира во парфемската композиција.

Во преставувањето се вели дека мирисот е вистински спектакл, создаден како резултат на средбата помеѓу мајсторите на парфимериите и главниот дестилатор на виски. Овој парфем комбинира нота на ирис и моќен мирис на дрвенести килибар. Инспирирано од вискито, шишето го открива својот килибарен сок низ длабок црн градиент.

Givenchy Gentleman Réserve Privée е топол и зачинет мирис инспириран од мазното, ароматично виски. Ирисот и моќниот дрвен килибарски потпис се комбинираат за да ослободат интензивен машки парфем што ќе им прилега на силните и софистицирани господа.

Givenchy Gentleman Réserve Privée е со беспрекорен баланс помеѓу повеќе различни елементи – всушност уште од 50-тите години од минатиот век, откако креира парфеми, Givenchy е безмалу господар на ова подрачје, па ниту најновиот парфем за мажи не се исклуок./М.М.
https://www.givenchybeauty.com/us/fragrance/fragrance-for-men/gentleman-givenchy/

You may also like

Comments are closed.