LG со вештачката интелигенција гради визија за паметен дом во кој симпатични роботи стануваат придружници.
Имено, LG ќе започне со продажба на робот кој може да се движи низ домот. Роботот со вештачка интелигенција на LG ќе биде претставен на CES 2024, што од деветти до 12 јануари ќе се одржува во Лас Вегас. Цената на роботот ќе биде објавена подоцна.
LG може многу нешта: од известување дека нешто е оставено вклучено додека сте отсутни, до гледање на вашето домашно милениче додека сте на работа. Слично на стационарни паметни помагала за домот, како Alexa или Apple HomePod, роботот на LG може да ве потсети да ги земате лековите на време или да предупреди на временската состојба.
Се напојува од платформата Robotics RB5 на Qualcomm, која подразбира мешавина на хардвер и софтвер што ја води AI програмата. Има способност да препознае лица и гласови, да обработи емоции на оние наоколу и да се вклучи во разговор. Од LG велат дека може да ве пречека, да ги анализира вашите емоции и да пушта музика за да ви го зголеми доброто расположение или да ве успие. Може и да се „емотира“ со промена на своето држење благодарение на артикулираните споеви на нозете. Иако тоа е симпатична карактеристика, можеби нема да има некоја практична употреба.
Различните сензори овозможуваат навигација, зборување, слушање, како и температурата на воздухот во затворени простории.
Бидејќи може слободно да се движи наоколу, може да се програмира да се грижи за вашите миленици додека ве нема и да испраќа известувања за вашиот паметен телефон „доколку се открие некоја необична активност“. Користејќи ги истите алатки за следење, може да дејствува како мобилен „чувар“ и да ви испраќа известувања доколку има движење во куќата додека сте отсутни.
Нашиот револуционерен робот комбинира врвна автономна мобилност и технологии за вештачка интелигенција со напредни комуникациски способности и услуги, за да им помогне на клиентите да се ослободат од домашните обврски, истакнува Lyu Jae-cheol, претседател на LG Electronics Home Appliance & Air Solution. LG ќе продолжи да им помага на клиентите да им биде попријатен животот дома. Посетителите на CES 2024 ќе можат да ги видат сите најнови решенија на LG, вклучувајќи ги и двата мобилни робота со вештачка интелигенција./М.М.
More in:Вести
На седми декември, завршен концерт на проектот “Македонијо во срце те носиме”
Завршниот концерт на двегодишниот музички проект “Македонијо во срце те носиме” ќе се случи на ...
Роденденски попуст од МТЕЛ
Во месецот кога МТЕЛ го одбележува својот роденден – три години успешна работа на македонскиот ...
Пригоден попуст на свечените фустани на Monika Dimova
Monika Dimova за овој Black Friday нуди ексклузивни попусти на целата колекција свечени фустани. Облеката ...
Пожарникарите и Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, се избрани за „Мажи на годината 2024“
На седмото издание на престижната манифестација „Мажи на годината“, одржана во Националната Опера и Балет, ...