Во новата кампања на модната куќа Versace за есен 2022 година, посветена на чантите Greca Goddess, британската актерка Lily James во целосно нов и непрепознатлив стајлинг позираше и со дизајнерката Donatella Versace.
Кога Lily James излезе пред камерите, едноставно се трансформира, истакна Donatella Versace на Инстаграм, по повод новата есенска кампања снимена во Рим.
Носењето на Greca Goddess чантите како да го отклучи нејзиниот личен став и таа доби нова енергија и моќ. Токму така треба да се чувствувате кога носите Версаче, вели Donatella.
Во соопштението за печатот од брендот беше опишан „импулсивниот и смел став“ на Lily James како „олицетворение на довербата кон Versace “./М.М.