Balmain пролетва ја започнува со црно-бели контрасти и мотиви кои секогаш можат да се забележат на нивните ревии— вклучително и култната шема на модната куќа: лавиринтот.
Црно-белата понуда на модните додатоци на на дизајнерот Olivier Rousteing секогаш носи впечатливо, динамично присуство со своите силни графички линии и повторувања. Познатите занаетчии на Balmain ги прават возможни визиите на дизајнерот, а нивниот неверојатен savoir-faire доаѓа до особен израз во совршенството на црно-белите споеви.
На модната писта на Balmain пролетва се претставени стручното кроење, врвната изработка и оригинално украсување на црно-белите модни додатоци, создадени од најдобрите кожи во светот./М.М.