Оуд дрвото е основата на мирисната композиција на новиот парфем True Oud Herrera Confidential. Инспирацијата за парфемот Carolina Herrera ја наоѓа на своите патувата по источните земји. На едно од нив ја придружува и парфимерот Jordi Fernández, кој две децении ги следи и проучува блискоисточните ориенталните мириси кои секогаш остануваат верни на традиционалните состојки.

Во новиот мирис, True Oud Herrera Confidential, оуд дрвото е поврзано со смирна смолата и со свежината на јасминовиот цвет. Во основата на парфемот се сандаловото дрво, пачуи и мошус, додека во горните ноти се цветот на османтус, екстрат на маслиновото дрво, шафрам и фрезија.
https://www.carolinaherrera.com/ww/en/p-fragrance/true-oud-eau-de-parfum/
Во преставувањето на новиот, инаку унисекс парфем, Carolina Herrera посочува: „За нас беше важно повторно да ја создадеме аромата на дрвото оуд, бидејќи таа е многу побогата од есенцијалното масло, кое најчесто се користи за ароматизирање на домовите и храмовите. Моравме да работиме со суровини создадени од одрживо производство, за да не се изгубат чистота и богатство со текот на времето.“


Оуд дрвото е доста присутно на блискиот и среден исток: Арапите имаат обичај да ставаат мало количество есенцијално масло од оуд на мебелот, сметајќи дека тоа е знак на почит кон очекуваните гости и роднини. Средбите на семејства и дружењето со гостите, имено, најчесто е проследено и со палење на миризлив оуд./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.