Paloma Picasso со најновата колекција порачува дека убавината понекогаш е на неочекувани места: од графитите во метро, или листот на маслинка, што ја инспирирале за нејзините иконски дизајни – секој создаден со особена оригиналност. Мојата цел во животот е да направам сè поубаво, вели таа.
Првобитно поканета да дизајнира поставување маса за изложба на Tiffany, во 1979 година, за една година Paloma влезе во ексклузивна врска со куќата, за да создаде колекција накит под нејзиното име – Paloma’s Graffiti.
Нејзиното деби го сврте светот на дизајнот на накит наопаку и останува нејзин дизајнерски потпис и денес. Преземајќи инспирација од она што во тоа време се сметаше за вандализам, Paloma ја легитимираше урбаната уметност изработувајќи ја во скапоцени материјали и правејќи ја посакувана./M.M.