„Во љубовта сите сме кралеви и питачи“ е насловот на нова песна на Владо Калембер, во која музика е на Григор Копров, текстот на Саша Драгиќ, а аранжманот на Владимир Дојчиновски.
Авторска тројка, за првпат споена во оваа песна, како да дава и новото светло во начинот на пеењето на Калембер: фантастично ја донесува емоцијата, како искуството и животот да направиле созреаните чувствата да звучат едноставно прекрасно.
Песната од денес го почнува својот музички живот, ќе се слуша на просторот на поранешна Југославија. Се очекува и спот, а наскоро ќе биде препеана и на македонски јазик: Владо Калембер е роден во Струмица и многу ја сака нашата земја.
Инаку, Копров веќе има напишано една песна за Калембер – „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и одтогаш трае нивното пријателство што, еве, резултира и во професионална соработка./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.