Данското архитектонско студио BIG и холандското студио Barcode Architects го открија аголниот станбен блок Sluishuis, во Амстердам.

Изграден на езерото Иј, станбениот блок има внатрешно пристаниште со двојна конзола што формира порта над езерото.
„Нашиот Sluishuis е замислен како градски блок во центарот на Амстердам кој плови во езерото и ги има сите аспекти на градскиот живот“, вели основачот на BIG, Bjarke Ingels. Основано во 2005 година, BIG е едно од најпознатите архитектонски студија во светот.


Комплексот со 442 стана има карактеристична форма, со конзолни блокови од двете страни на плоштадот за да се создаде простор над водата.
Sluishuis е ново обележје за IJburg, како и за Амстердам“, рече основачкиот партнер на Barcode Architects, Dirk Peters.
Четирите блока опфаќаат плоштат што се спушта кон водата. На приземјето се наоѓаат школа за едрење, центар за спортови на вода и ресторан со голема тераса.
Над приземјето, блоковите, обложени со алуминиум за да ја рефлектираат околната вода, содржат низа апартмани со различна големина, од студија до пентхауси./М.М.

You may also like

Comments are closed.