Urban Planty е специјално дизајнирана урбана градина со која на минимален простор билките и цвеќето ќе бидат на дофат на вашите раце и тоа во текот на сите сезони
Заклучувањата, социјалната дистанца, полицискиот час – сета изолација наметната од пандемијата како да услови свртување кон природата, кон грижа за садење разновидни растенија, како и одгледување на органска храна.
Свесни за штетата што и ја правивме на планетата, неможеме а да не чувствуваме дека и должиме, дури и доколку се обидуваме да се однесуваме поодговорно. Сите, насекаде, во мали и големи дворови, во мали и големи тераси, насекаде каде што за тоа постои воља – намерата доаѓа потоа самата. Дури и доколку се работи за навистина мал простор, каде што Urban Planty е најдобриот концепт што може да се примени.
Концептот ја намалува одговорноста во однос на грижата за растенијата: целта е да се понудат самоодржливи системи, оние кои работат на принцип – вода еднаш и заборавете на наводнување на вашите растенија до следната недела.
Urban Planty се испорачува со сталак за 6 или 9 билки, распоредени така што на секое од нив им е овозможено да добиваат доволно количество сончева светлина во текот на денот. Во рамките на системот, неколку клучни дизајнерски поставувања овозможуваат здрав раст на билките. Посебна заштита од плевел спречува нивен раст со блокирање на светлината.
Садовите за билки најчесто имаат торби од јута што се обвиткани околу нив, создавајќи им воздушни куќи на растенијата. Јутата, иако органска, нема да се распадне во текот на најмалку две сезони. Системот има и резервоар, кој помага да се собере вишокот вода што растението може да го користи подоцна./M.M.