Важноста на спиењето останува несомнена, а тоа го потврдува и најновата студија реализирана во Англија според кое секој трет човек се соочува со непроспиени ноќи. Загрижувачки е тоа што новото истражување предупредува дека проблемите со спиењето можат да бидат „гориво„ за срцев удар.
Без оглед на тоа дали сте ноќна птица или, едноставно, неможете да заспиете, новата студија предупредува за опасностите по здравјето што со себе ги носат непроспиените ноќи.
Истражувањето, објавено во списанието Clinical Cardiology, покажа дека луѓето со несоница имаат повеќе срцеви удари. Оние кои страдаат од проблеми со спиењето имаат за 69 проценти поголем ризик од срцев удар, или им била потребна итна медицинска грижа, при што жените се особено погодени од ризикот. Истражувачите споделија и дека јавноста треба да биде запознаена дека седум или осум часа квалитетен сон навечер претставуваат здравствен приоритет. Оние кои спиеле пет или помалку часа во текот на ноќта имале најголем ризик од срцев удар.


Авторот на студијата Yomna Dean потенцира дека „Несоницата е најчестото нарушување на спиењето, но на многу начини, такашто тоа не е само болест, туку е повеќе животен избор. Ние, едноставно, не му даваме приоритет на спиењето колку што тоа навистина е потребно.
Врз основа на добиените податоци, несоницата треба да се смета за фактор на ризик за развој на срцев удар, а ние треба подобро да ги едуцираме луѓето за тоа колку опасен може да биде недостигот на добар сон, заклучува Yomna Dean./М.М.

You may also like

Comments are closed.