Креатор на новата тоалетна вода Light Blue Italian Love на Dolce&Gabbana, како и на претходната, истоимена Light Blue од 2001 година, е Olivier Cresp. Легендарниот парфимер го има задржано потписот на мирисот, со горни ноти исполнети од лимунот од Калабрија и јаболкото од сортата Greni Smit. Плени како лесен букет, создаден од арапски јасмин и бела роза, надополнети со заводлива цветно-мошусна нота на амбрета и кедар од Вирџинија.Во основата се ветриверот и сандаловина, за богат дрвен тон на мирисот.
Претходниот Light Blue е исто така цветно-овошен мирис на Olivier Cresp, созаден 2001 година.Горните ноти се исти како и кај новиот мирис, но основата е различна: од кедар, мошус и амбер.
Голем дел на успехот на Light Blue се должи на стручноста на Olivier Cresp. Францускиот мајстор на парфимерите има создадено повеќе хитови како: Givenchy Ange ou Demon (2006), Penhaligon Juniper Sling (2011), Versace Eros Pour Femme (2014), YSL Mon Paris (2016), како и револуционерниот Mugler Angel.
Така, одморот може да започне и да остане сензационално незаборавен со новиот Light Blue Italian Love Dolce&Gabbana./М.М.