Многу модни куќи ја препознаа потребата за романтични модни додатоци во своите креации со свои идеи за незаборавно долги обетки. – Инспирација, предизвик и идеја и за нашите ракотворки.
Впечатливите обетки се најлесниот начин да го подобрите и надградите стајлингот. Сјајни, весели, со циркони, полудраги камења и во различни бои, обетките и прилегаат на секоја жена и совршено се вклопуваат со секој стил.
Фенди, познатата италијанска модна куќа, приреди необично шоу инспирирано од античките божици. Покрај атрактивните материјали, рачно везените детали и палетата на бои кои неодоливо се поврзуваат со морето, ова шоу се истакна со своите внимателно креирани додатоци.
Обетките што можевме да ги видиме се исклучително големи и потсетуваат на вистински мали уметнички дела. Направени од метал и стакло, го следат секое движење на телото што го прави моделот што го носи. Овие обетки пленат со својот одраз и нежниот звук што го произведуваат. Совршен додаток на изгледот што нè потсетува на ерата на антички Рим или Грција. По реакциите веќе можеме да кажеме дека летните вечери нема да бидат незаборавни без нивниот звук, должината и разиграните бои и материјали. /M.M.