Во деновите на италијанскиот дизајн во Скопје, на 14 и 15-ти овој месец, италијанската амбасад и ИТА – Italian Trade Agency организираат повеќе настани со кои се промовиираат уникатноста и квалитетот на италијанскиот дизјан.
Темата на годинешното издание на деновите на италијанскиот дизајн е: „Создавање вредности: инклузивност, иновација и одржливост“.
На 14 март во Сули ан, првиот ден на настанот, ќе биде макстер-клас на Лука Боскардин, италијански дизајнер на играчки и илустратор на италијански брендови, како StudioRoof, Corriani, MonPetitArt, Arbos, George Magazine e Philips Design.
Истиот ден, во Чифте амам, свечено ќе биде отворена изложбата на ADI Design Museum, посветена на 140 години од првото издание на „Авантурите на Пинокио“. Изложбата содржи избор на дизјанерски проекти на италијански компании направени специјално за изложбата со кои се потврдува способноста на италијанскиот дизајн да креира безвременски слики и предмети и да го слави митот за Џепе, како прв италијански дизајнер.
На 15 март во „Ист гејт мол“, ќе се одржи модна ревија, на која ќе бидат претставени најновите колекции на италијанските брендови: ARMANI EXGANGE, PATRIZIA PEPE, TWIN SET, DAN JOHN, ERREA, REBECCA, JUST CAVALLI, FURLA, VERSACE и BENETTON.
Со оваа ревија ќе се отвори 28-та сезона на FWSK28 („Фешн викенд Скопје“) под мото “Нашата заедничка порака за позитивна модна индустрија.” Настанот е од отворен тип, наменет за сите посетители и љубители на модата и дизјанот.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...