Под мотото „E-commerce: Accelerate!” на 11 ноември по петти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.
Конференцијата годинава за првпат добива регионален карактер така што се очекува присуствуво на повеќе од 400 гости – претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници.

Главниот акцент на годинашното јубилејно издание ќе биде ставен на забрзувањето, како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите. Со забрзувањето доаѓа потребата за проширување на знаењето и имплементација на нови алатки, тактики, и стратегии. Иако многу компании успеале да ја прилагодат е-трговијата како нивен примарен или дополнителен канал за продажба, се уште не е остварен целосниот потенцијал што го нуди е-трговијата за раст на бизнисите.
„Затоа, фокусот на ова петто издание ќе биде одлична можност да се види до каде стигнала е-трговијата и колку далеку може да оди ако ја ставиме брзо напред и ја забрзаме, велат од АЕТМ. Организаторите потенцираат дека и годинава акцент ќе биде ставен и на вмрежувањето и на неформалната дружба помеѓу учесниците на конференцијата преку повеќе забавни активности надвор од официјалната програма.


Минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на над 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.
„Early Bird“ билетите се веќе пуштени во продажба по специјална цена од 129 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на Конференцијата. Тековните информации за конференцијата ќе бидат достапни на: https://ecommerceconference.mk/ –

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.