Регенерацијата на заби преку генетско откочување би значела и можно елиминирање на протези и импланти
Јапонски научници од Универзитетот во Кјото и болницата Kitano (Осака) развиваат нов лек кој може да предизвика „природна регенерација на човечките заби. Тие користат антитело кое го инхибира протеинот USAG‑1, молекула што природно го потиснува растот на забите во телото, со што се активира вродената способност за раст на нови заби.
Во претклинички студии овој метод доведе до појава на сосема нови заби, што го отвора патот кон природен „трет сет“ на заби.
Во септември 2024 година започнати се првите испитувања на луѓе (фаза 1)во Универзитетската болница во Кјото, каде лекот се тестира за безбедност кај возрасни лица. Истражувачите имаат амбиција да го направат лекот достапен до 2030 година, што би имало револуционерен ефект врз стоматологијата — потенцијално замена за протези и импланти.
Меѓутоа, постојат и органичувања и предизвици: засега главниот фокус е на луѓе кои од раѓање немаат одредени заби, и терапијата сè уште не е докажана кај сите форми на губење на заби. Научниците истакнуваат дека се потребни дополнителни клинички испитувања за да се потврди безбедноста и ефективноста на лекот кај различни возрасни групи.
Овој напредок не само што би можел да ја трансформира стоматологијата, туку и да ја промени човечката биологија, нудејќи можност за природна регенерација на забите и подобрување на квалитетот на живот за милиони луѓе ширум светот./M.M.




















