За прв пат во својата историја, Мис Универзум го ажурира своето правило за подобност, дозволувајќи им на мажените жени и мајки да се натпреваруваат. Во последните 70 години, изборот беше достапен само за жени кои никогаш не биле во брак или имале деца. Новото правило ќе стапи на сила на 72-от избор за Мис Универзум, кој треба да се одржи во 2023 година.

„Сите веруваме дека жените треба да имаат право кога се во прашање нивните животи и дека личните одлуки на човекот не треба да бидат пречка за нивниот успех“, се вели во интерниот меморандум до кој дојде The National.

Во моментов, правилото вели дека право на учество имаат само невенчани и жени без деца на возраст од 18 до 28 години. И покрај новото правило, условите за возраста ќе останат исти.

Josh Yugen, националниот директор на Мис Универзум изјави за The National: „Организацијата Мис Универзум е секогаш најголемата и најиновативна платформа од ваков вид и сега ќе биде поинклузивна и подобредојдена за мајките и мажените жени./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.