Две дијамантски нараквици кои некогаш и припаѓале на Marie-Antoinette, на деветти ноември ќе бидат продавани на аукција. Станува збор за накит кој младата кралица тајно го испратила во родната Австрија пред нејзиното погубување – и кои сега се продаваат на аукција во Christie, во Женева.
Дијамантите се купени во 1776 година, за 250.000 ливри, што во тоа време се сметало за огромна сума. Наводно, таа платила за накитот продавајќи некои скапоцени камења што ги поседувала, како и дека имала пари од нејзиниот сопруг, кралот.
Кога Marie Antoinette била затворена во Tuileries, тајно ги испратила саканите бразлетни во запечатени дрвени ковчези до поранешниот австриски амбасадор, грофот Mercy-Argenteau, кој тогаш работел во Брисел. Неколку месеци по нејзината смрт – на гилотина, нејзиниот роднина, Emperor Francis II од Австрија, наредил да се отворат дрвените ковчези и така дијамантите беа откриени.
Нараквиците и беа предадени на единствената преживеана ќерка на Marie Antoinette, Marie Thérèse of France, позната како Madame Royale, која ги оставила на своите наследници – Count of Chambord, Countess of Chambord, а потоа и на Duchess of Parma, која починала без наследници.
Аукцијата на дијамантските бразлетни на Marie-Antoinette ќе се одржи на деветти ноември, во хотелот „Four Seasons Hotel des Bergues“ во Женева./М.М.