‘Zero Contact’ – најновиот филм на оскаровецот Anthony Hopkins ќе биде поставен за продажба на новата NFT Vuele платформа во текот на наредниот месец. NFT е одбран поради тоа што основната технологија и овозможува на компанијата да нема проблеми околу копиите на филмот, како и да се штити од пиратерија.
“Zero Contact” е продуциран од финансиски независна продукциска фирма Enderby Entertainment. Според Enderby, приказната следи пет карактери од различни делови на светот, поврзани само со нивната посветеност кон технолошкиот титан Finley Hart (Hopkins).
Zero Contact е работен на 17 различни територии и тоа преку Zoom платформата, за време на раните бранови на глобалната пандемија, во 2020 година. Сценариото е на Cam Cannon и треба да се појави на Vuele платформата кон крајот на јули или почетокот на август.
„Сè во врска со овој филм е неконвенционално, од начинот на кој го снимавме, до неговата дистрибуција“, вели продуцентот / режисер Rick Dugdale од Enderby.
Дистрибуцијата на филмот ќе се состои од пет дела на NFT, и „ќе го вклучува филмот и дополнителни додатоци кои ќе варираат од токен до токен за да создадат различни аукциски позиции“. Dugdale додава дека избрал Zero Contact да се лансира преку NFT поради тоа што основната технологија и овозможува на компанијата да нема проблеми околу копиите на филмот и да се штити од пиратерија“.
The Vuele Marketplace е насочен кон дистрибуција на филмови и гледање на филмови, а корисниците на платформата можат да купуваат во крипто валута. Zero Contact е првиот проект објавен во оваа фаза на Vuele и фирмата не прецизираше на кој блокчејн е изградена платформата./M.M.