Црвената светлосна терапија се докажа како ефективен третман за генетски и стресно предизвикан губиток на коса.- Уредите за светлосна терапија ветуваат нов раст на коса, а корисниците веќе споделуваат инспиративни резултати
Црвената светлосна терапија годинава добива сè поголема популарност како неинвазивен третман за различни состојби на кожа и коса – вклучувајќи и генетски губиток на коса. Лекарите и пациенти сè почесто ја користат оваа технологија како дел од сеопфатен пристап за стимулирање на растот на нова и поздрава коса.
„Најефективен пристап кон третманот на губиток на коса е мултимодален – комбинација од додатоци, медикаменти и уреди за светлосна терапија,“ изјавува д-р Каран Лал, сертифициран дерматолог. Тој препорачува користење на светлосна терапија заедно со производи како серуми за скалп, масла за раст и шампони за згуснување.
Црвената светлосна терапија функционира преку стимулирање на фоликулите и подобрување на циркулацијата на крвта во скалпот. Ова доведува до побрз раст, погуста структура и помалку опаѓање на косата. Иако не е решение преку ноќ, многу корисници пријавуваат видливи резултати по неколку недели.
Уреди кои се во фокусот
Меѓу најкористените уреди се CurrentBody LED шлемот, кој според кориснички искуства е удобен и ефикасен. „Уредот е моќен, лесен за користење и дури има вградени Bluetooth звучници,“ вели д-р Финли, козметички дерматолог од Њујорк.
Исто така, уредот Theradome PRO LH80 се издвојува по својата ефикасност. „Тој е одличен за домашна употреба – лесен е и не предизвикува непријатност,“ додава д-р Лал. Според еден корисник вели: „По три месеци користење, почнаа да ми се појавуваат нови влакна. По една година, косата ми се обнови до 80%.“
Покрај овие, и поекономични опции како Aphrona капата за терапија со ласер покажуваат добри резултати. Една корисничка сведочи: „По два месеца користење, забележав нови влакна на врвот на главата. Ја користев секој ден по 30 минути додека работев од дома.“
Уредите како Hairmax се препорачуваат за лица со почетна фаза на губиток на коса. Овој уред има ‘заби’ што ја раздвојуваат косата и овозможуваат светлината да стигне директно до скалпот, објаснуваат дерматолозите.
За оние кои се двоумат, моделот iRestore Essential е удобна опција со можност за враќање дури и по шест месеци. „Мајка ми го користи. Уредот е достапен, има и ласери и LED диоди, и лесен е за употреба,“ вели д-р Лал за ELLE магазинот.
Иако не се сите уреди подеднакво финансиски достапни, а и ефикасни, терапијата со црвена светлина според дерматолозите претставува се посериозна алтернатива за сите кои се борат со губиток на коса. Со редовна и дисциплинирана употреба, многумина веќе гледаат резултати, а им се враќа и самодовербата./М.М.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.