Скопје, 12. јануари 2021. годинаКомпанијата Samsung Electronics најави воведување на нова опција на својата популарна апликација Samsung Health, наречена Group Challenge. Оваа опција им овозможува на корисниците да креираат натпревари со најмногу девет учесници, кои можат да се натпреваруваат во тоа кој ќе се движи најбрзо или најдолго и чија крајна цел е промовирање на здрав живот во пријателска средина. Group Challenge ќе биде достапен во рамките на апликацијата од 12 јануари 2021 година[1] на сите Samsung Galaxy паметни телефони, паметни часовници и лични уреди за следење, по ажурирање на Google Play или Galaxy Store.

Group Challenge[2] опцијата корисниците ќе можат да ја користат преку Together делот на апликацијата Samsung Health, откако ќе создадат група чии членови потоа ќе се натпреваруваат кој ќе направи најмногу чекори во дадено време или кој прв ќе го достигне утврдениот број чекори. Оваа опција не бара од другите учесници задолжително да имаат инсталирано апликација Samsung Health на нивните паметни уреди, така што корисниците можат лесно да ги поканат своите пријатели, семејство или колеги на здрав предизвик.

„Во нашиот брз секојдневен живот, а особено во сегашните околности на меѓусебно дистанцирање, останувањето во добра форма и одржувањето на здравјето не е воопшто лесно. Поради оваа причина, ние ќе продолжиме да ја надградуваме апликацијата Samsung Health со дополнителни опции, за да им обезбедиме на нашите клиенти квалитетна дигитална платформа за поздрав живот.“, рече TaeJon Jay Yang, потпретседател и директор на дигитални здравствени решенија во Samsung Electronics.

Предизвик како вистинска мотивација

Податоците собрани од апликацијата Samsung Health покажуваат дека корисниците кои учествуваат во предизвици покриваат 22 проценти поголемо растојание од просечното, што покажува дека натпреварувањето е најдобра мотивација да останат во форма. Со Group Challenge, корисниците веќе имаат пристап до опции како што е 1:1 challenge за повикување на предизвик за двајца, како и Global Challenge да се натпреваруваат со корисници од целиот свет. Најновите додатоци им овозможуваат на корисниците да бидат администратори на повеќе создадени предизвици истовремено, односно да се натпреваруваат со повеќе пријатели независно едни од други.

Здравје на повисоко ниво

Откако апликацијата беше лансирана во 2012 година, Samsung Health значително ги прошири своите можности со различни здравствени, велнес и фитнес програми, како и голем број експертски видеа и опции за следење на спиењето, срцевиот ритам и крвниот притисок. Само во 2020 година, апликацијата ја користеа над 200 милиони луѓе, а минатата година корисниците согорија вкупно 3 милијарди калории и направија 78 милијарди чекори. За споредба, наведениот број чекори е еднаков на растојанието помеѓу Сонцето и Земјата што Samsung корисниците го прошетале дури 200 пати.

 

 

####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областите на телевизиските апарати, паметните телефони, носечките уреди, таблети и дигитални домашни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com.

[1] Достапноста зависи од пазарите.

[2] Потребна е минимална верзија на оперативниот систем Android M.

За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.

You may also like

Comments are closed.