Иако летната мода традиционално се врти околу фустани, здолништа и шорцеви, ова лето панталоните не се отфрлени – напротив, добиваат нова форма. Сè повеќе жени во САД, следејќи го трендот кој веќе се прошири низ Европа, избираат т.н. *genie* панталони – модел што се шири во пределот на бедрата, а се собира кај глуждовите, создавајќи „меуреста“ силуета.
Овие панталони, инспирирани од ориенталниот стил, веќе се појавуваат кај најновите колекции на интернет-продавниците, а модните ентузијастки ги препознаваат како удобна и неконвенционална алтернатива на тесните пантолони.
Највпечатлива потврда за трендот дојде неодамна од Џенифер Лопез која во прошетка низ Беверли Хилс носеше светлозелени genie панталони со кратка бела маичка, „newsboy“ капа и високи потпетици. Не е првпат Лопез да избере ваков стил – со години наназад ги комбинира и на сцена и во секојдневието.
Модните уредници предвидуваат дека genie панталоните ќе продолжат да добиваат популарност и наесен, особено меѓу жените кои сакаат да се ослободат од стегнатите, повторливи силуети.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.