Опуштањето на кожата е предизвикано од губењето на мастите во лицето, како и поради распаѓање на колагенот и еластинот (сврзно ткиво што и дава цврстина на кожата). Овој процес се случува природно, со возраста, но може да се влоши и претходно, поради изложеноста на УВ зраците.
За да ги подигнете опуштените образи без ботокс и филери, преземете превентивни мерки, секогаш ставајќи на лицето заштитен фактор од најмалку 30, како и со употреба на производи што ќе помогнат во синтезата на колагенот.
Клучните состојки ги вклучуваат витаминот А (со ретинол, ретинил палмитат, ретинил ацетат и ретинолна киселина), што овозможува обновување на клетките и помага кожата да изгледа свежа. Витаминот Ц, е моќен антиоксиданс и може да ги неутрализира деструктивните ефекти на слободните радикали.
Комплетот за домашна нега и помош е во доменот на медицинската козметологија, вклучува креми и серуми со напредни формули на витаминот Ц, со ретинол и СПФ, секогаш поткрепени со истражувања и клинички тестирања на производителот.
Dr. Barbara Sturm е пријателка на модната заедница чии членови се обожаватели на нејзините уникатни производи за нега на кожата, базирани на наука, засновани на нејзината антиинфламаторна филозофија. Со седиште во Дизелдорф, Германија, таа стои зад својата Dr. Barbara Sturm Molecular Cosmetics линија. Молекуларната козметика е создадена специјално за оние кои бараат некомплициран, но ефективен режим на нега на кожата . Еден таков производ е и лифтинг серумот кој овозможува брзо, привремено подигнување, благодарение на мешавината од биополимери, како и долгорочна поддршка во производството на колаген и еластин, преку екстракт од пулулан, црвени алги и планктони. https://poosh.com/dr-barbara-sturms-lifting-serum/
На иста линија е и 160 години старата галенска фирма Kiehl’s. За поддршка на кожата на која и недостасува цврстина, концентратот на Kiehl’s Precision Lifting & Pore Tightening, за прецизно кревање и стегнување на порите, користи комбинација на микрофилтриран екстракт од квасец (докажано стимулира колаген на површинско ниво) и есенцијално масло од здравец дестилирано со пареа, што штити од деградација на колагенот и еластинот.
Kiehl’s го промовира и најновиот 14- дневен третман за осветлување и изедначување на тенот на кожата со програма со ампули. Прецизно формулиран за забрзано обновување на кожата, со Activated C и мешавина од гликолна, млечна и фитична киселина – ја подмладува и обновува кожата, со забележителна рамномерност и посветол тен. https://www.kiehls.co.uk/new/whats-new/just-arrived/М.М.