Новата Dolce & Gabbana Alta Gioielleria колекција накит е посветена на Венеција и на нејзините историски симболи. Во Venetian Dream дизајнерите вклучија и скапоцени камења и Мурано стакло, како и камен од Истра.
Во еден од герданите е овековечен и вековниот симбол на Венеција, гондолата, од аквамарини во боја на лагуна, аметисти, сафири и дијаманти. Самиот брод е создаден од бел истарски камен, кој се користел и за изградба на знаменитостите на градот. Суптилните истарски камења, со злато и дијаманти се вградени и во други парчиња, како малите уметнички дела, рачно изработени од Murano стаклото, што се одликуваат со украсни додатоци и украсни детали.
Новата Alta Gioielleria на Dolce Gabbanas е своевиден венецијански сон: особено прекрасните стаклени минијатурни парчиња што мајсторите занаетчии ги претворија во обетки и златни мрежи за на глава од филигран, преполн со рубини, смарагди и бисери.
Dolce & Gabbana накитот е со поголемо значење, кога станува збор за зачувување на италијанските занаети и наследените вештини. Секоја креација од колекцијата е афирмација на уметничката извонредност на Италија. Мозаиците, како и камењата што се користат во криптата на базиликата Свети Марко, се sвездите на промоцијата.
За оваа колекција, дизајнерите работеа со занаетчии користејќи ја последната постоечка историска печка во градот. Имено, останати се малку занаетчии кои можат да произведат микро мозаици користејќи древни методи за обработка на стаклена паста, долг и педантен процес за време на кој емајлот се загрева над пламен и се „врти со рака“.
Колекцијата, според Dolce & Gabbana, ја слави важноста на уметноста и на мајсторите занаетчии од Италија, за кои велат дека се најдобри во светот./M.M.