Свеченото отворање на годинешното, деветто издание на МФФ Киненова, на 15 октомври, ќе биде во знакот на македонскиот филм. Имено, Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против Галаксијата“
– Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Овогодинешното фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА 2024 ќе биде отворено со првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, на нашиот драг колега и посветен режисер, Гоце Цветановски, вели диењкторот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, на конференцијата за медиумите.
„Јон Вардар против Галаксијата“, неговиот втор филм, е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија и најголемиот копродукциски проект за анимација на Балканот во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.
Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш.
Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“.
Деветто издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, ќе се одржи под слоганот: Што е прво? Филмот или приказната?/М.М.
More in:Вести
Утре и задутре – „Сити базар“ во Скопје Сити Мол
Од овој месец, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува „Сити базар“, нова иницијатива ...
CFDA дизајнерите донираат за Лос Анџелес
Модната индустрија на САД ги здружи силите за да им помогне на жртвите од пожарот ...
Versace пред продажба – дали Prada Group е купувачот
Вестите за потенцијалното купување на Versace од страна на Prada Group деновите предизвикаа бројни коментари, ...
H&M Studio ја претстави Pre-Spring колекцијата
Како што сезоната почнува да преминува во подолги, посветли денови, острите кроеви и обемните форми ...