Во Турција е отворен најдолгиот висечки мост во светот. Имено, мостот наречен 1915 Çanakkale во Турција, со распон од 2.023 метри, стана најдолгиот висечки мост во светот.
Отворен е за сообраќај преку Дарданелите, за поврзување на европските и азиските брегови на Турција.
Мостот, именуван по годината во која Отоманското царство има извојувано поморска победа против британците и французите за време на Првата светска војна, ја презема титулата најдолг висечки мост во светот од мостот Акаши Кајкио во Јапонија, кој има распон долг 1.992 метри.
Со црвените кули, високи 318 метри, мостот 1915 Çanakkale е, според COWI , со највисоки кули од сите висечки мостови во светот. Растојанието помеѓу водата и мостот е дизајнирано за да се овозможи непречено поминување на товарни бродови со контејнери, како и бродови за крстарење под него.
Се очекува мостот секојдневно да носи до 45.000 возила низ шесте ленти и да ги поддржува деловните, комерцијални, и туристички активност во регионот.
Масивната структура е создадена од консултантската група COWI, за изведувачот DLSY.
Според COWI, позицијата на мостот поставила многу предизвици во дизајнот и пред изведувачите поради силните ветрови и високата сеизмичка активност./М.М.